Фото: Пиксабеј

Психолозите тврдат

Растењето со манипулативна мајка може да остави голем број последици врз животот на детето, а најчесто знаците на траума се видливи дури во возрасната доба на детето. Како што објаснуваат психолозите, детето тешко може да препознае нездраво однесување кај своите родители, а какво влијание има тоа врз него, во повеќето случаи сфаќа дури кога и самото станува родител.
Експертите тврдат дека манипулативните родители, а особено манипулативната мајка, можат да се препознаат по речениците што ги користат секојдневно. Најчесто тоа се фрази што можеби на прв поглед не звучат алармантно или чудно, но всушност се јасен знак дека станува збор за личност склонa кон манипулации и контролирачки шеми на однесување.
Една од тие фрази е: „Погледни што направи“. Оваа реченица најчесто ја користат манипулативните мајки што се обидуваат да го обвинат детето за своите чувства или реакции. На пример, ако мајката врескала на детето или го удрила, со оваа реченица ќе се обиде да го оправда своето постапување, иако е свесна дека таа самата е одговорна за тоа. Втората реченица што често ја користат манипулативните мајки е: „Зошто не можеш да бидеш како него/неа?“ Секое споредување со други луѓе е лошо за здравјето на детето, а таквите мајки со таа реченица се обидуваат да го натераат детето да го промени своето однесување според нејзините очекувања. Најчесто, секако, станува збор за нереални барања.