Развојот на говорот кај децата е сложен, а родителите често се грижат дали детето зборува добро за својата возраст, дали неговиот речник соодветствува со неговата возраст и слично. Сето тоа е важно бидејќи отстапувањата може (но не секогаш) да укажуваат на доцнење на говорот.
Американските научници во далечната 1989 година спровеле студија за редоследот по кој децата ги учат зборовите на својот мајчин јазик и направиле листа од 310 најважни збора што треба да ги знае детето на возраст од една до три години. Оваа студија останува основата врз која почиваат сите идни истражувања за развојот на говорот кај децата.
Современите стручњаци велат дека тригодишното дете треба да знае околу 150 збора од таа листа, односно да го разбира нивното значење и да ги изговора (иако не сосема правилно, се разбира). Сепак, 150 збора не се правило, за нормално се смета тригодишно дете да знае меѓу 75 и 225 збора. Од друга страна, треба да се обрне внимание ако дете под три години користи 50 збора или помалку.
Американските научници составија листа од 25 збора што треба да ги знае дете од две до две и пол години. Професорката Лесли Рескорла смета дека ако двегодишното дете не ги користи повеќето од овие зборови, може да се смета дека неговиот говор бавно се развива. Овие зборови најмногу се користат во секојдневниот говор и затоа се очекува да му се познати и да ги употребува. Меѓутоа, ако вашето дете не знае ниту еден збор од оваа листа, прво размислете дали тоа е едноставно затоа што ниту вие не ги користите, па затоа и детето не е многу запознаено со нив. Децата на возраст од две и пол години треба да почнат да формираат фрази од три или четири збора. Ако ви се чини дека вокабуларот на вашето двегодишно дете не е доволно развиен, тоа не значи дека нема да го подобри со текот на времето. Сепак, тоа значи дека треба да посветите малку повеќе внимание на говорот и евентуално да побарате стручен совет.