Фото: Пиксабеј

Родителите, во желба да им го обезбедат најдоброто на децата, често забораваат на едноставни, но клучни пораки што ги обликуваат нивната самодоверба и чувството на сигурност. Тие два збора се: „Добро е“. Зошто се важни?
Децата секојдневно минуваат низ мали и големи предизвици – од првите чекори и училишни задачи до социјални ситуации. Кога ќе слушнат дека е „добро“ она што го прават или како се чувствуваат, добиваат потврда дека се прифатени и сакани такви какви што се. Многу родители, иако од најдобра намера, се фокусираат на исправање на грешки и поставување стандарди. На тој начин несвесно испраќаат порака дека детето постојано мора да се докажува. Зборовите на поддршка и признавање често изостануваат, иако им се потребни на децата исто така како и дисциплината.
Кога детето редовно ќе слуша „добро е“, развива внатрешна сигурност и чувство дека вреди. Тоа му помага полесно да се справува со неуспесите, да гради отпорност и да развива здрав однос кон себеси и кон другите.
Практичен совет за родителите: Стручњаците препорачуваат родителите почесто да ги користат овие зборови во секојдневните ситуации – без разлика дали детето ќе донесе цртеж, ќе раскаже приказна или едноставно ќе проба нешто ново. На тој начин се гради доверба и се зајакнува емотивната поврзаност. На децата не им требаат само материјални работи и големи достигнувања туку и мали потврди, кои им даваат чувство на сигурност и љубов. Едноставните зборови „добро е“ можат да направат голема разлика во нивното растење.