Дуото „Ај кју“, кое нѐ претставуваше на „Евровизија“ во 2018 година, има нова песна на англиски јазик насловена „Till The beat comes down“. Бојан и Марија, кои веќе неколку години живеат и работат во Лондон, се активни на полето на музиката и ја промовираа нивната нова песна, која е дел од нивниот следен албум, кој е во изработка.

На оваа песна соработуваа со продуценти од Лондон, Шведска, Австралија и од Италија.

Звукот е модерен и препознатлив за нивните обожаватели од претходно, но може да се забележи и малку попрогресивен експериментален пристап, особено во ритмичката секција, кој е новитет во последните неколку нивни песни.