Занимливости
Феномен на т.н. џедајска религија започнал во 2001 година, кога одреден број жители во неколку држави се изјасниле дека нивната религиска припадност е џедаизам или џедајски витез на националниот попис. Денес под терминот џедаизам се подразбира квазирелигиозно движење на џедајските витези од научнофантастичниот филм „Војна на ѕвездите“. Се верува дека најголемиот дел самопрогласени џедаи се изјасниле поради забава, со намера да се пошегуваат со пописните резултати.
Во пописот во Австралија спроведен во 2001 година повеќе од 70.000 луѓе се изјасниле дека се чувствуваат како дел од џедајското движење. Пописот од 2006 година забележал 58.053 луѓе што се чувствуваат како џедаи. Во австралискиот попис од 2011 година, бројот на припадници на овој ред ја одржувал бројката од претходниот попис и изнесувал 65.000. Во канадскиот попис од 2001 година, 21.000 Канаѓани се изјаснија дека нивната религија е џедаизам. За тој податок биле известени од страна на канцеларијата на премиерот, кој причината за оваа појава ја посочува во премногу обемниот пописен лист, кој изнесувал 40 страници, па одредени граѓани се обиделе да го употребат хуморот за да укажат на оваа работа. Во новозеландскиот попис од 2001 година околу 53.000 луѓе се изјасниле дека се џедаи. Нов Зеланд имал најмногубројна популација на џедајски верници по жител од која било друга држава во светот, со процентуално учество од 1,5 отсто, кое изјавило дека нивната религиозна припадност е џедаизам.