Во април, во Европската Унија се регистрирани 925.359 нови патнички автомобили, што е зголемување од 1,3 процент во однос на истиот месец минатата година, објави Европската асоцијација на производители на автомобили. Бројот на регистрации на патнички автомобили во Шпанија се зголемил за 7,1 проценти на годишно ниво во април, во Италија за 2,7 проценти, додека регистрациите се намалиле во Белгија за 4,8 проценти, во Германија за 0,2 проценти и во Холандија за четири проценти.
Во април, најголемиот дел на нови хибридно-електрични возила е регистриран во Европската Унија, со 34,7 проценти, по што следуваат бензинските возила со 28,3 проценти, електричните возила на батерии со 15,7 проценти и дизел-автомобилите со 9,6 проценти. Гледајќи ги податоците за првите четири месеци од 2025 година, заклучуваме дека бројот на регистрации на патнички автомобили во Европската Унија се намалил за 1,2 процент во однос на истиот период минатата година.
Во периодот од јануари до април е регистриран најголем дел на нови хибридно-електрични возила, 35,3 проценти, бензински возила 28,6 проценти, електрични возила на батерии 15,3 проценти и дизел-автомобили 9,6 проценти.
Бројот на регистрирани електрични возила на батерии во првите четири месеци од 2025 година се зголемил за 26,4 проценти во однос на истиот период минатата година, на 558.262 возила, првенствено поради растот на регистрациите на нови БЕВ во Германија за 42,8 проценти, Белгија за 31,3 процент, Холандија за 6,4 проценти, додека намалување од 4,4 проценти е забележано во Франција.
Регистрациите на нови хибридно-електрични возила во ЕУ се зголемија за 20,8 проценти на годишно ниво на 1.285.486 возила во истиот период, благодарение на силниот раст во Франција (44,9 проценти), Шпанија (35,8 проценти), Италија (15 проценти) и во Германија (11 проценти).