Секој има пристап до климатски прифатлива храна, а една од опциите е да се намали емисијата поврзана со намирниците и самиот процес на производство. Од една страна, тоа звучи како утопија, но е дел од еколошкото движење што ги следи настаните на светската сцена.
Мета Морен, професор по биологија на колеџот „Хендрикс“ во Арканзас, кој е коавтор на студија од 2020 година за потенцијалните заштеди на јаглерод од лов на дивеч во САД, вели дека сите животни уловени во САД биле еквивалентни на повеќе од три проценти од вкупната потрошувачка – а ако се намалат емисиите поврзани со производството на месо, ако наместо говедско или пилешко месо изборот биде дивеч, намалувањето на емисиите ќе биде еквивалентно на намалување на 400.000 автомобили од патиштата секоја година.
Одговорот станува покомплициран кога ќе се погледне подлабоко
– Главната причина е што доколку ловите елени како извор на храна, постои мало или никакво уништување на живеалиштата за разлика од она што е вклучено во одгледувањето месо на фарми – вели Морен.
Аргументот на Моран звучи како разумен, но одговорот станува покомплициран кога ќе се погледне подлабоко. Дивечот може да биде опција со низок јаглероден отпечаток ако елените не се одгледуваат и навистина се диви. Како оброк, дивечот може да има мал јаглероден отпечаток, сѐ додека ловците не патуваат далеку за да ги уништат елените. Сето ова сугерира дека дивечот може да биде дел од исхрана прифатлива за климата на локално ниво, но прашањето станува комплицирано кога се гледа на глобално ниво.
– Проблемот е во размерот. Да, можеби е разумно – и избор со низок јаглероден отпечаток – за мал процент од населението на Велика Британија да јаде дивеч, но бројките едноставно не функционираат за ниедна критична маса на луѓе – вели Хана Ричи, заменик-уредничка и водечка истражувачка за глобален развој на универзитетот „Оксфорд“ во Обединетото Кралство.
Говедското месо е добар пример за храна со висок јаглероден отпечаток. Емисиите поврзани со говедското месо изнесуваат околу пет проценти од глобалните емисии. Кога се сечат шуми или тревници за да се создаде простор за пасење и за културите што стануваат храна за животните, тие ослободуваат јаглерод диоксид во атмосферата.
Во последните децении многу проекти за заштита на шумите
За да се произведат 100 грама протеин од говедско месо во просек се ослободува 25 кг еквивалент на јаглерод диоксид (CO2e). Производството на исто количество протеин од грашок резултира со 0,4 кг CO2. Тофу ослободува 1,6 кг, пилешкото генерира 4,3 кг, а свинското 6,5 кг CO2e на 100 г протеин. Во посебна студија во северна Италија, истражувачите што анализирале лиценцирани ловови, исто така откриле дека ако се пресметува метанот од елените, јаглеродниот отпечаток на дивечот се зголемува – во некои случаи дури го надминува отпечатокот на говедото.
Многу земји имаат климатски цели што зависат од дрвјата што впиваат јаглерод диоксид од атмосферата преку фотосинтеза и го складираат во себе и под земјата. Затоа во последните децении имало мноштво проекти за проширување и заштита на шумите. Но, елените се тревопасни животни, кои со задоволство ќе јадат млади дрва и нови изданоци од старите. При многу високи густини во некои делови на САД се оштетени до 75 проценти од садниците. Во Шкотска, истражување од 2013 година покажа дека елените влијаат на 15-20 проценти од младите дрвја.
– Без контрола на популацијата на елените, новите шуми и постојните шуми нема да го остварат својот потенцијал за секвестрација на јаглерод – вели Херст, кој е автор на извештај за тоа како дивите елени влијаат на секвестрацијата на јаглерод во шкотските шуми.


































