Фото: „Нова Македонија“

РАБОТИ ШТО СЕКОЈА ЖЕНА ТРЕБА ДА ГИ НАПРАВИ ЗА 8 МАРТ

Денот кога ја славиме моќната женска енергија е и ден кога треба да ја поттикнеме енергијата на радост и благодарност. Ова не е ден кога примаме подароци и подаруваме, туку ден кога учиме да сакаме, пред сѐ да се сакаме себеси. На овој ден треба да покажеме колку сме си важни себеси, колку сме горди на себе. Празникот нека биде добар почеток за позитивни промени во нашите животи. Издвојуваме неколку работи што секоја жена треба да ги направи за 8 Март, а кои можат да донесат среќа.
1. Исполнете си ги вашите потреби и желби – почестете се со нешто што отсекогаш сте го посакувале. Одете во бања, уплатите патување, купете си нов парфем, запишете се на курс, почнете да танцувате…
2. Развијте љубов кон себе – наместо да се критикувате себеси, постојано да си забележувате на грешките и несовршеностите, обидете се да развиете здрава љубов кон себе. Тоа е важно, лековито и ви помага да развиете самодоверба и да најдете мир.
3. Поврзете се со вашата креативна страна – одвојте малку време во денот за да се поврзете со вашата креативна страна и да го истражите сопствениот талент. Креативноста може да го зајакне вашиот дух.
4. Поминете време со вашите омилени жени – има ли подобар подарок од времето што им го подаруваме на нашите сакани (мајка, пријателка, сестра или колешка). Покажете им колку се грижите за нив. Имајте прекрасен заеднички ден и уживајте во енергијата што ја носи денот.
5. Научете повеќе за влијателните жени – прочитајте ги биографиите на некои од највлијателните жени што се бореле за правата на жените и направиле големи промени во светот. Вклучете се во женско движење или организација – постојат многу начини на кои можете да им помогнете на многу жени.
6. Украсете ја вашата куќа – внесете ја атмосферата на 8 Март во вашиот дом! Можете да создадете автентична декорација што ќе направи вашиот дом да изгледа посебно на овој ден. Боите на Меѓународниот ден на жената се виолетова (правда и достоинство), зелена (надеж) и бела (чистота).
7. Засадете растение или цвет во вашиот дом или градина – наместо да купувате цвеќиња, можете да ги засадите, а потоа гледајте како вашиот цвет расте со текот на времето. Со тоа ќе растат и шансите да постигнете сѐ што сте замислиле.