Фото: Пиксабеј

Никола Тесла верувал дека целиот универзум е преполн со енергија и дека сѐ што постои во својата основа е – вибрација. Неговата позната мисла дека ако сакаме да ги разбереме тајните на универзумот, треба да размислуваме во категории на енергија, фреквенција и вибрации, станала почетна точка за многу модерни теории што ги поврзуваат науката и духовноста. Тесла сметал дека животот може да се разбере како хармонија на тие невидливи енергетски текови, а здравјето на човековото тело е тесно поврзано со тоа колку е усогласено со природните вибрации на светот.
Овој негов поглед ги отвори вратите на идеите што денес ги препознаваме во енергетската медицина – дисциплина што се обидува да ја врати рамнотежата во човековиот организам токму преку работа со енергија.
Енергетската медицина се занимава со енергетски полиња и текови на енергија внатре и околу човековото тело. Овој вид алтернативна медицина се потпира на древни знаења и традиции, како и на современи истражувања и теории за енергијата и материјата и тврди дека здравјето може да се подобри со разни техники што влијаат на енергијата. Целта на енергетската медицина е да се воспостават рамнотежа и хармонија меѓу различните нивоа на постоење: физичко, ментално, емотивно и духовно. Енергетската медицина смета дека сите тие нивоа се поврзани и влијаат едно на друго, па затоа е потребно да се третира целиот човек, а не само неговите симптоми. Таквата алтернативна медицина се стреми да поттикне самоисцелување и превенција од болести.