Музичката легенда Дадо Топиќ и младата македонска пејачка Ана Петановска, за која композиторот Григор Копров изјави дека достојно ќе го замени Тоше Проески, наскоро ќе пеат во дует.

Ако во далечната 1984 година Топиќ го сними евергринот „Принцеза“ со Слаѓана Милошевиќ, годинава, тој уште ќе го дели микрофонот со нашата музичка надеж, во изведбата на поп- рок балада, која, според авторите, ќе го оdбележи времето пред неа.

Песната се вика „Бисери у твојим очима“, музиката ја напиша Григор Копров, текстот е на Душан Бачиќ а аранжманот е на Стефан Петановски., братот на Ана.

– Многу се радувам на оваа соработка и чувствувам инспиративна возбуда. Едноставно, не ми се верува дека овој проектот наскоро ќе биде мојата реалност. Ова е голема шанса за мене да испеам песна заедно со легендарниот Дадо Топиќ, особено поради тоа што растев со неговата музика. Токму затоа овој дует за мене е и голема одговорност и секако голем предизвик. Неизмерно сум му благодарна на Григор Копров, кој ми ја даде шанста, што за мене е ново искуство и уште повеќе ме сплотува со музиката. Што се однесува до песната, кога првпат ја слушнав ми поминаа морници, романтична е и многу моќна – вели Петановска.

Песната „Бисери у твојим очима“ ќе се снима во студиото на Душан Бачиќ во Белград, а потоа ќе следат активности поврзани со промоцијата.