Со присуство на 70 делегати од конвивиумите од цела Македонија, во неделата се одржа вториот конгрес на „Слоу фуд Македонија“ – „Дојди на трпезата“, со што се заокружи развојниот циклус од вторите 6, а вкупно 16 години досега.
„Слоу фуд Македонија“ значи луѓе, идеи и решенија, а изминатиот период упорно и посветено се чекореше по патеката на нивната визијата, мисијата и филозофија за добра, чиста и правична храна, здрава животната средина, здравјето на луѓето, благосостојбата на животните и зачувувањето на природните ресурси каде се произведува нашата храна.
-Нашите млади започнаа да размислуваат и да сонуваат за свое парче земја, за своја нива, своја храна и свој рај. Сите го слушнавме повикот на природата, затоа и мотото на вториот конгрес е „Дојди на трпезата“ заеднички да седнеме и да споделиме храна, идеи и размисли за нашата храна, а преку неа да креираме промени – истакна Николче Николовски, претседател на Националниот одбор и член на Меѓународниот совет на „Слоу фуд интернационал“.
Како што е познато, храната е дел на социо-културната матрица на секој народ и таа како магнет зближува и поврзува луѓе од различни културни средини. Тие со почит и гордост ја одбираат нашата храна, со неа да бидат дел од гурманската ризница на светот и „ таа да е иднината што им ја посакуваме на новите генерации- се вели во декларацијата на СФМК- „Храна за промени“.
Промените што ќе се направат во следниот квартал се однесуваат на начинот на производството и на видовите на храна, шанса на млади, на рурални жени, маргинизираните групи, поврзувањето на храната и иднината, агроекологијата, враѓањето на животот на автентичните рурални пејсажи и истите да се стават во функција на агротуризмот…
– „Слоу фуд“ е и знаење од кое се учи, што може да се дели и разгранува, а најважно од се е да се соочиме со сериозноста на овој историски момент и со дејствување, со визија и позитивна перспектива, да делуваме инспиративно на заедниците, да градиме, спојуваме, обединуваме – ова е заклучокот на Вториот конгрес.
Инаку, „Слоу фуд Македонија“ е дел од семејството на Интернационална мрежа што ја сочинуваат 160 земји во светот.