Врвот на планината Монт Еверест достигнува најголема надморска височина, но, благодарение на испапченоста на земјата кај екваторот, врвот на Чимборасо е најоддалечената точка на Земјата од нејзиниот центар. На второ место е планината Уаскаран, и тоа со мошне мала разлика. Иако надморската височина на Чимборасо е помала за цели 2.580 метри, врвот е оддалечен од центарот на Земјата 6.384,4 километри, што е за 2.168 метри подалеку од врвот на Монт Еверест. Меѓутоа, сметајќи по надморска височина, Чимборасо не е ни највисоката планина на Андите
Чимборасо е неактивен вулкан во состав на Андите во Еквадор. Последната ерупција се случила во околу 550 година. Со висина од 6.310 метри, Чимборасо е највисока планина во земјата. Највисокиот врв мошне блиску до екваторот. Иако оваа планина не е највисока по надморска височина, фактот што лежи на екваторската испакнатина значи дека нејзиниот врв е најоддалеченото место од центарот (јадрото) на Земјината топка. Планината е претставена на грбот на Еквадор.
Чимборасо е дел од венецот Кодилјера Оксидентал во состав на Андите во среден Еквадор, 150 километри југозападно од главниот град Кито. Врвот се издига 2.500 метри над околните гори (3.500 до 4.000 метри), а основата му е широка 20 километри. При ведри услови, врвот на Чимборасо може да се види од крајбрежниот град Гвајакил, оддалечен речиси 140 км. Најблиски градови до планината се Риобамба (30 км на југоисток), Амбато (30 км на североисток) и Гваранда (25 км на југозапад). Подрачјето околу планината е заштитен резерват што има цел да го заштити екосистемот, кој претставува живеалиште за автохтоните членови на семејството камили: викуњата, ламата и алпаката.
Врвот на Чимборасо е сосема прекриен со ледник, а некои североисточни ракави се преливаат надолу до висина од 4.600 метри. Овој ледник ги снабдува со вода покраините Боливар и Чимборасо. Ледената маса се има повлечено во изминатите децении, што некои сметаат дека се должи на глобалното затоплување, пепелта од неодамнешната вулканска активност на планината Тунгарауа и природната појава Ел нињо.

Врвот на планината Монт Еверест достигнува најголема надморска височина, но, благодарение на испапченоста на земјата кај екваторот, врвот на Чимборасо е најоддалечената точка на Земјата од нејзиниот центар. На второ место е планината Уаскаран, и тоа со мошне мала разлика. Иако надморската височина на Чимборасо е помала за цели 2.580 метри, врвот е оддалечен од центарот на Земјата 6.384,4 километри, што е за 2.168 метри подалеку од врвот на Монт Еверест. Меѓутоа, сметајќи по надморска височина, Чимборасо не е ни највисоката планина на Андите.
Сѐ до почетокот на 19 век, се сметало дека Чимборасо е највисока планина на светот (според надморската височина) и поради тоа постоеле многу обиди за нејзино искачување во 17 и 18 век. Во 1802, за време на неговата експедиција во Јужна Америка, Александар фон Хумболт, Еме Бонплан и Еквадорецот Карлос Монтуфар се обиделе да ја искачат планината. Достигнувајќи 5.875 метри, почнале да патат од висинска болест и затоа морале да се вратат. Во 1831 истиот обид го направиле Жан Батист Бусенго и полковникот Хол, но и тие не стигнале до врвот, туку успеале да ги надминат претходниците со искачените 6.006 метри. Во 1880 година, врвот на Чимборасо први го освоиле англискиот истражувач Едвард Вимпер и браќата Луј и Жан-Антоан Карел од Италија. Д.Ст.
