За да може оризот да биде безбеден за јадење, по готвењето мора да се чува еден час во фрижидер за да не се развијат штетни бактерии… Ако сакате да готвите ориз, тогаш знаете колку е лесно да претерате и да зготвите премногу. За среќа, од преостанатиот ориз лесно може да се направат нови вкусни јадења, како ладни салати или пржени кнедли, а исто така е вкусен додаток и во супи. Но, за да може оризот да биде безбеден за јадење, мора да се чува во фрижидер во рок од еден час по готвењето.
Верувале или не, во оризот по термичка обработка многу брзо почнуваат да се создаваат бактерии што се непожелни за човечкиот организам, па за да не се доведете во опасност од труење, не оставајте го предолго на собна температура, што ја фаворизира репродукцијата на опасните материи. По готвењето, можете да го поделите оризот на помали порции за побрзо да се олади и да го ставите во фрижидер. Ако се складира правилно, ќе трае три дена во сад што може добро да се затвори, а шест месеци во замрзнувач.
При повторното готвење добро загрејте ги тавите или тенџерињата за оризот да биде безбеден за јадење. За да му ја вратите сочноста, можете повторно да го загреете во микробранова печка. Која верзија и да ја одберете, додајте малку вода за да биде повкусен. Кога го загревате во микробранова печка, можете да го покриете и со навлажнета хартија.