Големата британска пинта може да стане минато како што се менува климата. Потоплото и посуво време му штети на растот на хмељот, што му дава на пивото горчлив вкус. Научниците работат на создавање сорти на хмељ отпорни на климатски услови за да спречат исчезнување на пијалакот.
– Без него, британската пинта ќе исчезне – изјави Даниел Вилан од пиварницата Шеферд Ним.
Пивата на континентот исто така се изложени на ризик. Мирек Трнка, истражувач во Институтот за истражување на глобалните промени при Академијата на науките на Чешката Република, пресметал дека производството на хмељ се намалило за 20 проценти од 1970-тите во некои клучни региони на Европа. Приносот на хмељ би можел да се намали за дури 18 проценти повеќе во Европа до 2050 година, проценува истражувачки тим од Чешката академија на науките и Универзитетот во Кембриџ. Развивањето сорти на хмељ отпорни на климатски промени во количества што можат да се користат за целиот производствен процес може да трае до 10 години.
Во меѓувреме, земјоделците можат да користат техники, вклучувајќи наводнување капка по капка и преместување на културите на локации покрај вода, за да ги ублажат ефектите од климатските промени.