Британскиот весник „Дејли стар“ објави фотографии од белите лавчиња во скопската Зоолошка градина кои ги фотографираше Горан Анастасовски, укажувајќи на реткоста на овој вид. Делата на нашиот колега Анастасовски, кој ги фотографира животните во ЗОО-Скопје, редовно се објавувани во светските медиуми.
Трите лавчиња се родија во скопската зоолошка на 7 март минатата година, што е прв ваков случај по повеќе од 20 години.
Пораснаа белите лавчиња Луна, Ана и Хана во скопската Зоолошка градина
Мајката Бела во Скопје пристигна од Германија додека таткото Чака потекнува од Франција. Вработените кажаа дека ова е една од најубавите работи која се случила во скопската Зоолошка градина и постојано внимаваат мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во нивното живеалиште.
Скопската Зоолошка градина доби над 3.000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук, по што ги избра имињата Луна, Ана и Хана.