Македонската музичка атракција „Браш брадерс“, позната по динамичните живи настапи својата нова песна, насловена „I Wanted More“, ја сними во соработка со македонската пејачка и кантавторка Мијата. Оваа ново музичко издание е моќна музичка симбиоза која ги спојува уникатните звуци на бендот со прекрасниот вокал на Мијата.
– Ни беше задоволство да соработуваме со Мијата. Нејзиниот уникатен вокален стил ни донесе поинаква перспектива и ја дополни енергијата која сакавме да ја пренесеме преку оваа музичка творба. Се надевам песната ќе ги освои срцата на клупската публика – велат членовите на „Браш брадерс“.
Песната „I Wanted More“ е дел од вториот албум на „Brass Brothers“, насловен „We Are Energy“ и го задржува нивниот енергичен музички потпис, кој дополнет со денс ритамот создава уникатна и интерактивна музичка приказна. Музиката и аранжманот се дело на Горан Мицевски Кус, фронтмен и тромбонист во групата,додека текстот е на Наташа Мијат Крстевска. Видеозаписот е во режија на Сара Јазаџиска Бибовска, а директор на фотографија е Борис Ралев.
„I Wanted More“ е веќе достапна за преслушување на сите светски дигитални платформи. Оваа песна е најава за концертот на Мијата што ќе се одржи утре, 15 мај, во Малата сала на Македонска филхармонија, во рамките на Скопскиот градски фестивал.