Сезоната на урагани во Атлантикот во 2024 година беше деветта по ред со натпросечна активност, соопшти Светската метеоролошка организација. Ураганите Хелена, Милтон и Берил минатата година предизвикаа најмногу уништувања. Светската метеоролошка организација официјално ги смени имињата на триото урагани од 2024 година во кои загинаа повеќе од 300 луѓе и предизвикаа штета од над 119 милијарди долари (107 милијарди евра).
Бријана, Холи и Мигел го заземаат своето место на ротирачката шестгодишна листа на имиња на ураганите во Атлантикот, предодредена од одборот на меѓународни метеоролози. Имињата се повторуваат на секои шест години, освен ако невремето е толку смртоносно што неговото име се повлекува. Оваа листа на убијци сега се приближува до 100. Хелена беше убедливо најсмртоносната бура што однесе 249 животи, најмногу во САД, по Катрина во 2005 година. Тоа беше, исто така, седмата најскапа бура во историјата на САД, со штети што достигнаа 78,7 милијарди долари (70,9 милијарди евра), според Националниот центар за урагани.
Милтон дојде веднаш по Хелена, носејќи силни ветрови, поплави и торнада, предизвикувајќи штета од 34,3 милијарди долари (30,9 милијарди евра) на речиси цела Флорида. Предизвика 15 смртни случаи. Берил, која во јуни стана најраната бура од петта категорија во сезоната, уби 68 луѓе во САД, Гренада, Венецуела, Јамајка и во Сент Винсент и Гренадини. Во регионот на Пацификот, името Џек го заменува Џон, бурата од трета категорија, која уби 29 луѓе во Мексико. Раните предупредувања го намалија бројот на смртни случаи, вели СМ0О
– Работата на Комитетот за урагани е од клучно значење за да се осигури дека сите во регионот на Атлантикот и источниот Пацифик се подготвени за претстојната сезона на урагани во 2025 година, обезбедувајќи рани предупредувања за сите и намалување на влијанието на овие опасни бури врз животот и имотот – рече Мајкл Бренан, претседател на Комитетот за урагани. Иако раните предупредувања драматично ги намалија смртните случаи, економските загуби се зголемуваат. Тоа е причината зошто тропските циклони се еден од главните приоритети на иницијативата на ОН за рано предупредување за сите.
– Додека САД ги носат најголемите директни економски загуби, малите островски држави во развој и кревките економии страдаат несразмерно – додава генералниот секретар на СМО, Селесте Сауло.