Со „Екстрим батери сејвер“, вашиот телефон ќе ги паузира повеќето апликации, ќе исклучува повеќе функции и ќе ги забави процесите. Оваа корисна карактеристика за мобилни телефони е наменета за ситуации кога ви треба најдолго можно траење на батеријата. Станува збор за дополнително ниво на заштеда на батерија, над стандардното, кое веќе ги ограничува апликациите и функциите, пишува „Сан“.
Иако со оваа алатка вашиот телефон ќе ги паузира повеќето апликации и ќе исклучува повеќе функции и ќе ги забави процесите, сепак нема да ги исклучи основните системски функции како што се апликациите: телефон, пораки, часовник и поставки.
Технолошкиот гигант забележува дека може да помогне батеријата на вашиот телефон да трае до 72 часа со „Екстрим батери сејвер“, кој ви овозможува да исклучите повеќе функции, да ги паузирате повеќето апликации и да ја забавите обработката уште повеќе време помеѓу полнењата. За да го активирате, само одете до поставки/батерија/штедач на батерија/екстремна заштеда на батерија.