Кога моделот „747“ на „Боинг“ почнал да се користи за комерцијални летови во 1970-тите, тој можел да прими двојно повеќе патници од најголемите модели до тоа време. Моделот „747“ на „Боинг“, првиот авион со широк труп нарекуван џамбо џет и кралица на небото, бил премиерно претставен во светот на 30 септември 1968 година на пистата во Сиетл, во Соединетите Американски Држави. Цели 37 години, овој модел ја држеше титулата рекордер по број на патнички седишта. Потребни биле уште две години за да се заврши пробниот лет, а до крајот на јануари 1970 година, тој бил на редовната линија меѓу Њујорк и Лондон, управувана од компанијата „Панама“. Неколку дена пред тоа, на првиот ден, Пет Никсон, сопруга на Ричард Никсон, го крстила авионот „Клипер Виктор“. Карактеризиран по својот широк труп што наликува на конструкција на брод, изгледал како џин во споредба со претходните. Неговата должина надминувала 63 метри, а распонот на крилјата му бил 59 метри, што ги принудило аеродромските власти и авиокомпаниите да ги променат димензиите на хангарите. Едноставно не можеле да го сместат во оние што биле изградени дотогаш. Бил висок колку шесткатна зграда. Револуционерен не само поради својата големина туку и поради својата способност континуирано да лета без слетување за полнење гориво, со џамбо џетот можело да се патува од Лондон до Сингапур, а можело да се лета низ целиот свет за помалку од 24 часа.
Првите клиенти биле авиокомпании од Америка, Велика Британија, Германија, од азиските земји… Со текот на времето, моделите биле модернизирани; во 1993 година бил продаден илјадитиот авион. Досега се произведени речиси 1.500 авиони, а околу 450 сѐ уште се во комерцијална употреба. Тие беа повлечени од употреба во нивната татковина, САД, на крајот на 2017 година.