Археолозите неодамна открија змеј од жад стар пет милениуми закопан во камена гробница длабоко во планините на Монголија. Античкиот артефакт е пронајден при ископување антички гробишта во Внатрешна Монголија, на северот на Кина, објави британски „Сан“. Змејот од жад со големина на дланка е една од стоте откриени реликвии од жад, а оваа античката статуа е најголемата што е пронајдена досега.
Карактеристиките на древниот змеј значително се разликуваат од оние во современите прикази за змејови, а археолозите го опишуваат како „буцкастиот змеј“.
Ископувањата во уникатна античка гробница на археолошкиот локалитет Јуанбаошан исто така открија урнатини, човечки остатоци и керамика, кои се поврзани со културата на Хонгшан, соопштија кинеските власти. Откритието фрла нова светлина врз богатата традиција на древната култура на жад, која процветала помеѓу 6.500 и 5.000 години пред нашата ера во северна Кина.
Културата на Хонгшан, позната по предметите од жад, вклучувајќи змејови и други ритуални предмети, има важно место во раната историја на кинеската цивилизација. Другите откриени артефакти од жад вклучуваат церемонијални алатки и орнаменти.