Светот е сцена
Науката веќе докажа дека скулптурите од Античка Грција и Рим често биле сликани во топли бои, а сега новите дански истражувања покажаа дека некои биле и намирисани.
– Статуата од бел мермер не требаше да биде сфатена како камена статуа. Таа требаше да личи на вистински бог или божица – изјави авторката на студијата Сесили Бронс за данската научна веб-страница „Виденскаб“.
Таа е археолог и кустос во Музејот на скулптури во Копенхаген и дошла до откритието откако ги истражувал делата на римските писатели како Цицерон и натписите на античките грчки храмови.
– Парфемите и мирисливите масла често се споменуваат како дел од „украсите“ што биле поставени на верските култни статуи во антиката – вели таа.
Во Делос, Грција, натписите на храмовите откриваат дека одржувањето на одредени статуи се состоело од триење со мирис на роза. На пример, Цицерон го опишува ритуалниот третман на статуата на Артемида – божицата на ловот, шумите и животните во грчката митологија – во Сегеста, Сицилија, која била намачкана со маснотии и мирисливи масла.
– Восхитувањето на статуите во времето на антиката не било само визуелно искуство – заклучила Брон во својата студија, објавена во списанието „Оксфорд џурнал оф археолоџи“.
Претходните истражувања открија траги од одамна избледени пигменти на старите грчки и римски статуи, што покажува дека делата за кои долго време се претпоставуваше дека се бели, всушност се полни со бои.