Во списанието „Весник Европа“, Русинот Николај Куљабко-Корецки напишал: „Двајцата ќустендилски фотографи брзо подготвиле стотици фотографии на кои се прикажани четници поединечно или во групи; честопати портрет, кој денес нема никакво значење, по една недела станувал особено скап за населението и тие брзале да го најдат кога стигнала ужасната вест дека оригиналот повеќе не е меѓу живите“
Фотографиите имаат важна улога, тие нѐ потсетуваат и поврзуваат со нашето минато, генерациите пред нас и нивните предизвици и стремежи. Не случајно се вели дека фотографијата има скриена моќ, бидејќи може да му помогне на општеството да ја научи и разбере историјата, да го согледа животот од минатото. Фотографијата на многу вешт начин раскажува приказни и спомени од минатото, односно ги документира нештата за да можеме да се навратиме и запомниме. Токму тоа го направиле фотографите Анастас Новев и Иван Хаџиколев, кои за век и векови го доловиле нашето минато и ја раскажуваат приказната на нашите предци што се бореа за слобода.
Анастас Новев е фотограф, активист на Македонската револуционерна организација (МРО). Новев бил по потекло од селото Коњаво во Ќустендил, тогаш во Османлиската Империја. Се школувал за фотограф во Софија, по што отворил студио во ќустендилската населба Студена, каде што живеел. Семејна врска го поврзува со началникот на ќустендилската гранична караула на МРО помеѓу 1902 и 1905 година, Марко Секулички, преку кого на Анастас Новев му била дадена можност да ги фотографира пристигнатите и заминувачките револуционерни чети од и во внатрешноста на Македонија. Фотографиите главно се направени во областа Сенокос кај Жилинци и во населбата Студена во периодот 1902-1908 година. Голем дел од фотографиите се чуваат во архивата на РИМ Ќустендил, а историчарот Ангел Џонев го објави албумот „ВМОРО 1902-1907 – Читање и личности во Ќустендил“ со 93 фотографии од Анастас Новев во 2003 година.

Покрај Новев, и Иван Хаџиколев ги фотографирал четите на МРО во Ќустендил. Хаџиколев е фотограф, активист на Македонската револуционерна организација (МРО). Роден е во Сопот, се населил во Ќустендил и заедно со Анастас Новев ги фотографира комитите на МРО. Во списанието „Весник Европа“, Русинот Николај Куљабко-Корецки напишал: „Двајцата фотографи од Ќустендил брзо подготвија стотици фотографии на кои се прикажани четници поединечно или во групи; честопати портретот, кој денес немаше никакво значење, стануваше особено скап за населението по една недела, и тие брзаа да го пронајдат кога ќе стигнеше ужасната вест дека оригиналот повеќе не е меѓу живите“. Д.Ст.
„Македонскиот револуционер“ ги овековечи македонските борци за слобода
Во 1921 година во весникот „Илинден“, Арсениј Јовков го објави текстот „Македонскиот револуционер“, во кој ги овековечи македонските борци за слобода. Во него, Јовков меѓу другото вели: „Храбар и бестрашен беше тој до лудост – чесен и совршен до бескрај. Таков го гледаа царските низами и забити, таков го знаеше и македонскиот народ и пееше песни за него, за него кроеше легенди. Тој беше правда за онеправданите, силата за слабите, страшилиште за угнетувачите. Тој беше гордоста на еден цел народ, олицетворение на неговиот слободен дух, ореолот на неговата слава. Тој беше народниот кумир. Неговите зборови за правда и братство, за слободољубие и стремеж, неговиот повик за будење од ропскиот сон, за кинење на ропските синџири, неговите викови да се жртвува брат за брата, ги слушаа и млади и стари како молитва. И возрасните даваа клетва и тргнуваа по неговиот пат, старите шепотеа молитви, правејќи му метании на Бога за да го закрили, а децата се колнеа во него“. Д.Ст.
