Горан Алавук-Алавукс е високопочитуван електротехно-уметник од Србија, кој многу години работи и твори во Македонија. Тој е препознатлив по своите брзи и динамични звуци и по својата посветеност за претставување на музичката андерграунд-сцена на овој дел од Европа

На големо задоволство на љубителите на електронскиот звук, српскиот диџеј и продуцент познат под псевдонимот Алавукс издаде ограничена едиција во вид на аудиокасета од свој настап во живо. Станува збор за диџеј-сет во цела должина снимен во популарниот техноклуб „Д блек ојстер клаб“ во Шарлероа, Белгија. Едицијата содржи живи верзии на класиците на Алавукс. Ова лимитирано ретроаудиоиздание (околу триесетина копии), кое е снимено за „Рулет рокордс – Комбат рекординкс – Октагон рекордс“, а го издаде продуцентската куќа од Хонгконг „Ацидчикен рокордс“, содржи речиси едночасовно (58 минути) тврдо и жестоко електротехно, засилено со индастријал и асид-тонови.

Визуелниот дизајн е дело на артистот Џенерал Сторк, а мастерингот е на познатиот продуцент од Швајцарија, Рубен Милер, „ЦЦС саунд“.
Горан Алавук-Алавукс е високопочитуван електротехно-уметник од Србија, кој многу години работи и твори во Македонија. Тој е препознатлив по своите брзи и динамични звуци и по својата посветеност за претставување на музичката андерграунд-сцена на овој дел од Европа. Повеќе од две децении, Алавукс е движечка сила со страст и посветеност. Во 2015 година го објавува светски признатиот „Октагон ЕП“ на „Бас агенда рекордингс“, кој ја доби поддршката од професионалци како што е Дејв Кларк. Ова издание ја зацврсти неговата репутација како еден од вистинските електропродуценти.

Патувањето во музичката продукција, Алавукс го започна во средината на 1990-тите, каде што најде инспирација во техно и хаус-музика. Забележа успех на српските андерграунд-радиски топ листи со песната „Сан“. Подоцна остана еден од најголемите поддржувачи на тогашниот трет бран на електробас и фанк-музика, со остро чувство да се остане уникатен и креативен. Овој пристап му донесе поддршка од легендите во индустријата како што се Хуан Аткинс, Лорен Гарние и диџеј Стингреј.
Неговата дискографија ја покажува неговата способност беспрекорно да спојува и техно и електро со експлозивни резултати. Генерално, Алавукс е остварен уметник со богата историја во музиката, а неговата страст за музиката блеска во секое издание.
Негови редовни поддржувачи се светски докажани имиња во електронската сцена, како на пример Алиената, Перк, Дејв Карк, Умек, Дакс Џеј и многу други.
Неговиот следен настап ќе биде на 23 ноември во клубот „Бункер“ во Хаг, Холандија, каде што по повод јубилејниот триесетти роденден на „Радио Тонка“ ќе настапи заедно со уште голем број светски диџеи.