Клучна компонента на еластичноста е емоционалната флексибилност, односно способноста да се регулираат сопствените чувства и да се намали нивниот интензитет во одредена ситуација. Управувањето со нив може да ви помогне да се чувствувате моќно во предизвикувачки времиња
Секој човек во текот на својот живот доживува тешкотии во различни сфери од секојдневието. Отпорните луѓе често се потпираат на својата ментална сила за да ги надминат овие предизвици. Тие не се однесуваат како нивните проблеми да не постојат. Наместо тоа, според истражувачот Брене Браун, тие имаат т.н. самосочувство (свесност за сопствените чувства), што им овозможува да гледаат на емоциите не како на стрес или разочарување, туку како на можности за учење.
– Суштината на менталната издржливост е сочувството со себе. Луѓето што се ментално силни остануваат ментално силни затоа што не се лизнуваат лесно во ситуации на срам, самокритичност или самозагрозеност – истакнува Браун во својот поткаст.
Значи, приспособливите луѓе се потпираат на неколку специфични збора и изрази што можат да им помогнат да ги обработат информациите и да одговорат соодветно на пречките што им се појавуваат на патот.
1. „Ми треба малку време“
Дури и најсилните луѓе понекогаш мора да направат чекор назад и да размислат.
– Наместо да брзаме да закрепнеме од тешка ситуација, треба да си дадеме време да ги почувствуваме нашите емоции – изјави психологот Кортни Ворен.
Клучна компонента на еластичноста е емоционалната флексибилност, односно способноста да се регулираат сопствените чувства и да се намали нивниот интензитет во одредена ситуација. Управувањето со нив може да ви помогне да се чувствувате моќно во предизвикувачки времиња.
Да речеме дека добивме негативни само повратни информации од нашиот шеф. Ако по тоа се чувствуваме вознемирено, можеме да кажеме нешто како: „Чувствувам силна емоција, па ќе одвојам момент пред да одговорам или да донесам некои големи одлуки“.
2. „Можам да се справам со сѐ што ќе ми се појави на патот“
Уверувањето дека ќе надминете различни околности може многу да помогне, вели невропсихологот Џуди Хо.
– Луѓето што ја користат оваа фраза можат подобро да се справат со тешките ситуации, да ги прифатат и да се приспособат на нив. Исто така, тие можат да се ослободат од фиксирањето на одреден исход, да ги приспособат своите стратегии за справување и да најдат различни решенија и патишта кон своите цели – вели Хо.
2. „Не“.
Ако понекогаш се ставаме себеси на прво место, не треба да се чувствуваме виновно, вели психологот Џесика Џексон.
– Одржливоста често се меша со независноста и повеќе треба да се однесува на давање приоритет на вашите потреби – изјави таа.
Поставувањето граници на овој начин може да биде непријатно, но на крајот ќе си се заблагодариме себеси што сме заштедиле енергија и сме ги ставиле нашето ментално здравје и благосостојба на прво место.
– Важно е да ги знаете вашиот праг и вашите граници на издржливост и да ги почитувате пред да доживеете исцрпеност – заклучува Џексон.