„Протагонист“, еден од најпрогресивните алтернативни бендови, го издаде вториот по ред албум наречен „Absolute Attitude”.
Бендот претходно објави три синглови од овој албум „Mono Maniac”, „Milion Miles Milion Lives” и „Panic City” проследени со видеозаписи.
„Absolute Attitude” е сниман во Скопје и Берлин додека финалните миксови се изработени во Берлин. Mастеринг изработи познатиот британски саунд инженер Сајмон Хејворт (Ник Кејв, Кинг Кримсон, Енио Мориконе…) со кого бендот соработува подолго време.
„Протагонист“ егзистира и работи во Берлин, бендот моментално е фокусиран на третиот албум („ACT!”), кој треба да се појави следната година.
„Absolute Attitude”е еклектичен албум, кој изобилува со музички текстури, мелодии и богати аранжмани. Неговaта длабочина и епски звуци блескаат преку моќните стихови на емотивниот вокал. Албумот сам по себе е едно уникатно музичко патување.
„Absolute Attitude”, e достапен на повеќе од 40 најпознати музички платформи како Spotify, Apple Music, Amazon, Tidel, Shazam, Google Play Music и др.
Фотографијата на коверот е дело на Xоландскиот фотограф Пит Ван Ден Бемд изработена во Скервој / Норвешка.