Постојат неколку знаци кои јасно укажуваат дека е време да го реновирате вашиот стан. Доколку навреме ги воочите, можете да спречите поголеми проблеми во иднина, кои ќе ве чинат многу пари и нерви. Платформата Daibau.mk открива – како да препознаете дека е време да го реновирате вашиот стан?

Луѓето најчесто се одлучуваат да го реновираат својот стан од три причини: кога се преселуваат во нов дом, за да го приспособат на нивните потреби и желби, кога го продаваат/издаваат имотот со цел да ја зголемат неговата пазарна вредност и кога постои голем дефект кој треба да се санира.

Реновирањето на стан обично се прави еднаш во деценијата или уште поретко. Има многу причини за тоа: реновирањето на стан е скап и сложен процес, кој вклучува голем број мајстори од различни профили, многу бучава и шут. Сепак, со реновирањето се подобрува функционалноста на објектот, со што значително се зголемува квалитетот на животот на станарите. Со реновирање на станот се преуредува просторот за живеење, односно се прилагодува на новите потреби и желби. Исто така, се преваруваат поголеми проблеми.

Платформата Daibau.mk, на која се регистрирани над 140 компании кои се занимаваат со реновирање станови, врз основа на теренското искуство, ги посочува најчестите знаци дека ви треба реновирање на станот. Овие знаци не треба да се игнорираат!

Распоредот на просторот не одговара на вашите потреби

Секој простор за живеење мора да биде прилагоден на животниот стил на станарите и да биде функционален. Ако тоа веќе не е, тоа е јасен знак дека му треба реновирање.

Со текот на времето, потребите и навиките на луѓето се менуваат, можеби сегашниот распоред на собите во станот повеќе не ви одговара, го отежнува секојдневието. Распоредот мора да се промени и кога домаќинството се зголемува за повеќе членови, т.е. кога е потребно да се создаде дополнителен простор во станот.

Можеби од една детска соба треба да се направат две помали со преградување? Можеби сакате да додадете остава, чајна кујна? Да создадете отворен концепт на станот?

За преуредување на станот со цел да го промените распоредот, ќе ви треба стручна помош од архитекти. Тие ќе ги одредат оптималните пропорции на просторот, правилното димензионирање, ќе ги решат просторните ограничувања и на најдобар можен начин ќе ги зголемат тесните простори. Тие ќе ги стават вашите желби и потреби на хартија со создавање на темелен, сеопфатен план за реновирање. Цената на проектот за реновирање првенствено зависи од големината на проектот. Цената на идејното решение се движи помеѓу 2 и 6 евра/м2.

„Архитектите ќе гледаат на вашиот стан од нова перспектива, ќе предлагаат решенија за кои самите не сте ни размислувале.“

Паркетот е одлепен во поголемиот дел од станот

Една од најголемите предности на паркетот како подна покривка е тоа што може да се поправа неколку пати, во зависност од неговата дебелина. Меѓутоа, понекогаш репарацијата (стргање, фугирање, лакирање/помачкување) не е доволно за да се реши проблемот.

Замената на паркетот е неопходна кога паркетот е одлепен од кошулицата во поголем дел од станот, кога паркетот се подига од подлогата под влијание на вода, со појава на црвци во паркетот, кога паркетот веќе неколку пати е струган и е целосно дотраен. Бидејќи замената на паркетот е сложен процес, најдобро е кога станот е веќе покриен со прашина и се работи, да се направи комплетно реновирање на станот. Цената на паркет во панели со дебелина од 1,4 cm се движи околу 25 евра/м2.

Дотраен, нефункционален мебел

Доколку вашата кујна е претесна и не можете да се свртите во неа, време е да ја реновирате и да поставите нови кујнски елементи. Ако мебелот ви се распаѓа, крцка, визуелно го расипува целиот простор, време е да го замените.

За да го искористите секој сантиметар од достапниот простор, аглите, празни ѕидови, вметнете вградени парчиња, а мебел по нарачка може да биде добар избор. На овој начин ќе добиете уникатен мебел, кој одлично ќе се вклопи со избраниот стил на уредување.

„Мебелот по мерка трае со децении и обично се пренесува низ генерациите.“

За мебел по мерка столар ќе ви наплати помеѓу 65 и 150 евра/м2. Времето на производство обично трае од 1 до 4 месеци. Доколку барате столари на кои би им ја довериле изработката на мебел по нарачка, можете да ги најдете на гореспоменатата платформа Daibau.mk – брзо и бесплатно, како и паркетари, архитекти и останати мајстори потребни за реновирање на станот, како и приближните цени на нивните услуги.

Дотраена столарија

Прозорците и вратите во станот не можат правилно да се отворат/затвораат, навлегува ладен воздух, постојано забележувате кондензација на прозорците, мувла помеѓу столаријата и ѕидот? Ова е знак дека е дојдено време да се замени столаријата. Поставувањето на нови прозорци и врати е неопходно во овој случај со цел да се спречи загубата на топлина и високата потрошувачка на енергија. Цената на столаријата зависи од материјалот, бројот на стакла и од добавувачот. Обичен ПВЦ прозорец со двојно застаклување чини помеѓу 85 и 160 евра, фурнирирана собна врата со рамка помеѓу 100 и 200 евра.

Стара водоводна инсталација

Старите, дотраени водни инсталации предизвикуваат огромни материјални штети – поплави кои можат да ги уништат подните облоги и мебелот, протекување вода кај соседите, ширење на мувла, посилни оштетувања на ѕидовите. Проблемот со водоводот треба да се реши навреме пред да дојде до пукање на цевките.

Доколку ангажирате компании за реновирање на станови, можете да спречите поголеми проблеми во иднина, кои ќе ве чинат повеќе од самото реновирање, чие решавање ќе биде потешко и потрајно.

(Комерцијална објава)

*За содржината и фотографиите одговара нарачателот