Од фотографијата на вселенскиот телескоп Хабл, кој го слави својот 30-ти роденден, до неверојатното собирање примероци од астероид, ова се само дел од најдобрите прикази од вселената за минатата година.
„Космичкиот гребен“ на Хабл
Вселенскиот телескоп Хабл, една од најважните научни алатки некогаш направени, во април минатата година прослави 30 години постоење.
По повод овој повод, беше објавена неверојатна фотографија која покажува формирање ѕвезда во близина на нашата галаксија Млечен Пат.
Во портретот на вселенскиот телескоп Хабл, џиновската црвена маглина (НГЦ 2014) и нејзиниот помал син комшија (НГЦ 2020) се наоѓаат во Големиот облак од Магелан, сателитската галаксија на Млечениот пат, оддалечена 163.000 светлосни години.
Маглините се огромни меѓу ѕвездени облаци од прашина и гас во кои може да се појави формирање на ѕвезди.
Во срцето на НГЦ 2014 има многу светли ѕвезди, секоја од 10 до 20 пати поголема од масата на нашето Сонце.
Сликата го доби прекарот „космички гребен“, затоа што маглините ги потсетуваат астрономите на светот во морските длабочини.
Документарниот филм „Хоризонт“ на „Би-би-си“, претстави неверојатни 3Д-фотографии од вселенскиот телескоп Хабл, како столбови на создавањето.
Фаќање астероиди
Минатата година, мисијата на „Озирис-Рекс“ на НАСА направи смел потег за да собере примероци од карпи и почва од астероидот Бен, и да ги однесе на Земјата.
За да ги собере примероците, „Озирис Рекс“ користеше долг носач со прстенеста комора.
Вселенското летало слета на површината на Бен, каде испушти млаз азот кога воспостави контакт со астероидот.
Гасот ја раздвижи површината на Бен, овозможувајќи им на фрагментите од астероидот да стасаат во комората за собирање.
Се чини дека стратегијата успеала, како што се гледа во серијалот фотографии.
Во меѓувреме, на 5 декември минатата година јапонската мисија за собирање примероци од друг астероид се врати на Земјата.
Вселенското летало „Хајабуса 2“ јапушти својата капсула со примероци собрани од астероид, која со падобран безбедно се спушти во австралиската пустина.
Примероците ќе бидат анализирани во Јапонија.
Сонцето одблизу
Во јануари минатата година беше објавена слика на сончевиот телескоп ДКИСТ од Хаваи, која ја покажа површината на Сонцето во неверојатни детали.
На сликите се прикажани структури слични на клетки кои се со големина колку американската сојузна држава Тексас. Тоа се маси од топол гас и плазма.
Свелите делови означуваат каде се крева материјата, а потемните означуваат каде се лади и се топи плазмата.
ДКИСТ е нов уред на Халеакал, вулкан висок 3.000 метри на хавајскиот остров Мауи.
Научниците ги користат овие нови можности за да го откријат однесувањето на нашата матична свезда, околу која е формирана целата галаксија, надевајќи се дека така ќе може да предвидат идни експлозии.
Колосалните ерупции на наелектризирани честички можат да ги оштетат сателитите во орбитата на Земјата, да ги повредат астронаутите или дури и да ги исфрлат од напојување.
Јупитер во транзит
Лансирано во 2011 година, леталото Џуно на НАСА продолжува да испраќа зачудувачки слики од Јупитер најголемата планета во Сончевиот систем.
Сондата сними слики од вител облаци на овој гасен гигант додека го изведуваше 27-от лет околу светот одблизу на 2 јуни 2020 година.
Научникот Кевин Гил тогаш направил видео од 41 фотографија за време на блиска средба.
Фотографиите се дигитално проектирани на сфера, користејќи виртуелна „камера“ што овозможува поглед на Јупитер од различни агли.
Меѓу другото, сликата дава неверојатен поглед на најзабележителната карактеристика на Јупитер, огромна црвена точка, што всушност е огромна бура што постојано трае.