Објавени се првите кадри од новата филмска драма „Бен се врати“, во која со својата извонредна глума повторно ќе нѐ освои фантастичната Џулија Робертс. Дејството на филмот го следи шармантниот но непредвидлив Бен Брнс, кој му се враќа на своето семејство една божиќна вечер.
Неговата претпазлива мајка Холи Брнс, која ја игра Џулија, го поздравува неговото враќање, но наскоро открива дека неговото присуство и натаму е штетно. Во текот на 24 часа, кои би можела во целост да го сменат животот на Бен, Холи мора да направи сѐ што е во нејзина моќ за да го избегне пропаѓањето на своето семејство.
Улогата на Бен му е доверена на Лукас Хеџис. Режисер на филмот е Питер Хеџис, а во дрмата се појавуваат и: Кетрин Њутн, Кортни Б. Венс, Тим Гини, Фејт Логан и многу други.
Возбудливата филмска драма премиерно ќе биде прикажана на 7 декември во САД, по што ќе тргне и светската кинодистрибуција.