Дејството на светскиот бестселер „Тангерка“, на писателката Кристин Манган, го инспирира Џорџ Клуни да го сними психолошкиот трилер што ќе се базира на оваа книга. Тој лицитираше и за филмските права.
Оваа исклучително напната приказна е сместена во егзотичното Мароко, во 1950-тите години. Наводно, една од улогите во филмот ќе игра Скарлет Јохансон.
Првенецот на Манган, „Тангерка“, уште веднаш по појавувањето го привлече вниманието на читателите. Романот почнува со сцена во која тројца мажи извлекуваат тело од морето. Во продолжението две жени наизменично раскажуваат приказна, која на читателите им дава психолошки, комплексен одговор на прашањето кој е починатиот и зошто неговиот живот завршил на ваков начин. Во центарот на дејството се неговата богата и несигурна жена Алис Шипли и таинствената и мрачна Луси, кои меѓусебно развиле по малку посесивно пријателство.
– Толку многу лаги, сплетки и неискреност што имате чувство дека се ежите секој миг од читањето – напиша, меѓу другото, критичарот на „Вашингтон пост“ за романот.
Магазинот „Тајмс“ го нарече совршен спој на „Девојки во возот“ и „Талентираниот господин Рипли“.
Нема повеќе детали за филмската адаптација на „Тангерка“, но критичарите се надеваат дека Клуни ќе направи одлична екранизација на напнатата приказна од Мароко.