Актерот Џорџ Клуни е повреден во сообраќајна несреќа на Сардинија, јавуваат италијанските медиуми.
Според истите извори, Клуни патувал со скутер на сет во Коста Коралино, каде што снима нова мини серија, и за време на возењето се удрил во автомобил.
Итно бил превезен во болница.
Италијанските медиуми јавуваат дека Клуни бил само полесно повреден.