Штотуку британскиот принц Хари и Меган Маркл го добија првото бебе, а британските медиуми веќе почнаа да шпекулираат кој би можел да му биде кум.
На прво место, судејќи по пишувањата на таблоидите, се наоѓа актерот Џорџ Клуни кој е роден на истиот ден со малиот принц.
Амал и Џорџ Клуни се блиски пријатели со Хари и Меган и уште одамна се говореше дека тој би можел да го крсти новото кралско бебе.