Приказната за Арета Френклин ќе биде раскажана на големото филмско платно. Џенифер Хадсон ќе ја игра улогата на кралицата на соул-музиката во филмот „Респект“.
Деновиве беше објавен најновиот трејлер за биографската драма, чија премиера е планирана за декември оваа година.
Официјалниот трејлер за филмот „Респект“ беше објавен на наградите БЕТ, а непосредно пред да се прикаже трејлерот, Хадсон на пијано ја отпеа песната „Young, Gifted & Black“.
Филмот е во режија на Лизл Томи, а во него глумат: Марлон Вејанс, Одра Мекдоналд, Форест Витакер, Квин Латифа, Мери Џ. Блајџ и Марк Марон.
Френклин, која поседуваше еден од најмоќните гласови во музичката историја, почина пред две години, на 76-годишна возраст.