Продукциската куќа „Фокс“ ги откупи правата за филм заснован на (крадливиот принц Олеомаргарин), новооткриена приказна на американскиот писател Семјуел Ленгхорн Клеменс, попознат како Марк Твен.
Твен ја почнал бајката во Париз во 1879 година, пишувајќи ја за своите ќерки, но приказната останала недовршена. По неговата смрт, писателите Филип и Ерин Стед ја комплетирале сагата, користејќи белешки што се чуваат во архивите на универзитетот „Беркли“.
Приказната е за сиромашно момче, кое сретнува жена што му дава волшебно семе, а тоа ќе му го промени животот.