Добротворна организација почнува истражување за поврзаноста на кралските имоти со трговијата со робови, а посебно за палатата Хамптон Корт и палатата Кенсингтон. За таа цел распишан е конкурс за кустос, кој ќе има задача да ја истражуваоваа проблематика, пренесува магазинот „Гардиан“.
Одделот за човечки ресурси потврди дека новиот куратор за инклузивна историја ќе биде задолжен за студијата и ќе биде поддржан од поширокиот истражувачки тим на добротворната организација.
Професорката Паулина Кивс од Факултетот за англиски јазик од колеџот „Исус“ од Оксфорд, која има многу пишувано за династијата Стјуарт, рече дека за секое собирање податоци ќе бидат потребни релевантни ресурси за да се откријат сите врски помеѓу некои кралски династии и трговијата со робови.
– Ако мислите на селски куќи, да речеме Харевуд Хаус на периферијата на Лидс, многу е јасно е дека имале плантажи на Јамајка и Карибите, од каде и потекнувале парите. Но да не се заборави дека државните приходи доаѓале од различни извори – вели Кивс.
Многу од имотите имаат врски со Вилијам III, еден од сопствениците на Кралската африканска компанија, која располагала со робови кои потоа биле испраќани во Америка.
Едвард Колстон, робовласник, чија статуа во Бристол беше уништена ова лето, му ги дал на кралот Вилијам III своите акциите од Кралската африканска компанија кога тој дошол на власт во 1689 година. Вилијам III ја купил Нотингем Хаус, ја преуредил и станала позната како палата Кенсингтон. Исто така, кралот ја преуредил и палата Хемптон Корт Палас во која направил апартмани.
– Не можеме да го игнорираме фактот дека стотици години колонијализмот и империјата, поробувањето и експлоатацијата беа дел од нашата национална приказна. Како седишта на моќта, палатите за кои се грижиме се поврзани со таа историја. Очекуваме да се истражи ова подлабоко. Исто така, знаеме дека мора да сториме повеќе за да го одбележиме придонесот на малцинските заедници кои живееле и работеле во палатите неколку стотици години. Постојат многу нераскажани приказни што треба да се истражат – вели портпаролот од Човечки ресурси.