Неодамна светската наука се соочи со проблем на габички кои предизвикуваат „панамска болест“, која ги напаѓа плантажите со банани ширум светот, која се заканува дека ќе ја истреби оваа овошка.
Досега оваа појава е забележана на тлото на Австралија, Југоисточна Азија, делови од Африка и Блискиот исток, поради што експертите размислуваат да направат генетски модифициран вид банани кои ќе бидат отпорни на оваа болест.
Нов вид билка би требало да биде измислен пред оваа болест да се рашири во Латинска Америка, од каде се извезуваат повеќето банани на светскиот пазар вреден околу триесет милијарди долари годишно.
Сегашниот вид се вика кевендиш и таа сочинува 99,9 отсто од глобалната трговија со банани, која ја замени повкусната варијанта, која поради болест беше отстранета во педесеттите години на минатиот век, пишува британски „Гардијан“.
-Ако ја погледнете пошироката потрошувачка од извозот, индустријата на банани вреди 30 милијарди долари годишно. Меѓутоа, луѓето се се повеќе загрижени бидејќи билката се почесто се клонира, што значи дека ако болеста може да убие едно дрво, потенцијално може да убие и цела индустрија- вели Гилад Герншо, извршен директор на компанијата „Тропик Биосаентист“, која се обидува со генетска модификација да го реши проблемот.
Од компанијата велат дека прелиминарните резултати на истражувањето ветуваат многу и дека тестирањето ќе започне во Централна Америка, Филипините и Турција во текот на следната година.
-Не се работи само за отпорност на болеста, туку и за олеснување на теретот за животната околина. Новиот вид би требало да користи помалку фунгицид и да има поголеми приноси. Тестовите покажале дека билките може добро да се носат со условите во вистинскиот свет и дека претставуваат додадена вредност за одгледувачите- истакнува Герншо.