И американската пејачка, актерка, режисерка и оскаровка Барбара Стрејсенд (78), се вклучи во акцијата за помош на Џана Флојд (6), чиј татко Џорџ неодамна беше брутално убиен од полицијата во САД, што иницира голем број протести во САД, но и низ светот.
Семејството Флојд добива помош од многумина по нивната загуба, а Канје Вест веќе објави дека ќе го финансира образованието на девојчето, додека Стрејсенд одлучи да ѝ подари акции на компанијата „Дизни“.
Добитничката на два „оскара“, осум статуетки „греми“, четири награди „еми“ и „тони“ и разни други награди, Барбара Стрејсенд, несебично одлучи да сподели дел од своето богатство со девојчето што неодамна на свиреп начин го загуби таткото.
Со овој потег, малата Џана стана еден од најмладите акционери во компанијата вредна милијарда долари. Покрај вредните акции, Барбара Стрејсенд симболично ѝ ги подари и своите музички албуми.