Ќерката на покојниот музичар Курт Кобеин, 28-годишната Френсис Бин, призна дека потрошила околу 11,2 милиони долари од богатството на нејзиниот татко пред да се отрезни во 2016 година и да сфати што прави. Френсис ги наследила богатството и авторските права на нејзиниот татко и денес има околу 200 милиони долари, но досега, вели таа, немала поим како се управува со пари.
– Престанав да нарачувам луксузен убер и сега нарачувам редовно возење или пешачам ако ми е блиску. Сфатив дека без оглед колку пари имам, може да се потрошат ако не располагам паметно со нив – вели Френсис, која добивала 100.000 долари месечно за џепарлак.
Таа сега ангажирала луѓе за да ѝ помогнат во управувањето со парите.
– Отсекогаш имав чуден став кон тие пари затоа што не ги заработив. Се чинеа како огромен заем – изјавила Френсис, додавајќи дека честопати се чувствувала виновна затоа што имала чувство како да троши пари на некој странец.