Позната светска музичка група „Њујорк Џипси Ол Старс“ од Њујорк, во која свири светски познатиот битолски и македонски кларинетист Исмаил Лумановски – Смајко, годинава ќе учествува на битолското културно лето „Бит фест 2018“.

Популарниот Смајко со својата интернацонална група во која свират музичари од Америка, Грција, Турција, Австралија, Порторико својот концерт ќе го одржи на 15 август, на Хералеја.

Концертот ќе се одржи во организација на битолското локално музичко радио Б-97 Битола и општината Битола.

Ова е прв пат Исмаил Лумановски – Смајко, кој годинава беше добитник на највисокото признание на Битолски весник „Ајри Демировски“ да настапува со својот оркестар на Хераклеја.

За време на својот десетодневен престој во Македонија, организаторот на турнејата Радио Б-97 Битола планира да организира настапи на Њујорк Џипси Ол Старс во некои други градови во Македонија.

М.М.