Во светската историска науката прашањето за етничката припадност на Античките Македонци е едно од најсложените прашања и за нивното потеклото се искажани голем број на различни ставови.
Постојат повеќе тези за етничката припадност на Македонците. Еден дел од историчарите и сите грчки истражувачи ја застапуваат тезата за хеленско потекло на Македонците. Албанските научници и неколку странски ја подржуваат илирската теза. Други научници ја застапуваат бригиската теза – Античките Македоци водад потекло стариот балкански народ Бриги. Една група на научници ја застапува идејата дека Македонците биле одделен народ, односно дека Македонците не биле Хелени, Илири и Тракијци. Оваа теза ја подржуваат В. Георгиев, Ј. Борза, Наде Проева и др.
Но без разлика на искажувањата на научниците повеќе историски извори ги опишуваат Македонците како оделни од Хелените. Во хеленските наративни извори, Македонците секогаш јасно се одбележуваат со нивното етничко име, а честопати се означуваат и како народ кој не го говорел хеленскиот јазик. Павсанија вели дека Птолемаидите – кралевите од македонската кралска куќа во Египет „љубеле да се нарекуваат Македонци, што всушност и биле“.
Најконтроверзното тврдење кое може да се сретне во античките извори е дека Македонците и Хелените биле различна раса. Според Аријан: „Имаше насилна борба. Грците на Дариј се бореа за да ги вратат Македонците во водата и да го спасат денот, но левото крило веќе се повлекуваше… Борбата беше дополнително жестока поради старото расно ривалство на Грците и Македонците“ (Аријан, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119). Ова динстикција помеѓу Македонците и Хелените се сретнува и во делата на Тит Ливиј и Диодор Сицилиски.