Француските научници дошле до заклучок дека во многу земји смртноста од ковид-19 е пониска поради специфичноста на нивните национални кујни. Истражувањата покажале дека одредена храна, доколку се консумира редовно, може да ја намали веројатноста за навлегување на вирусот во организмот, како и неговото деструктивно дејство.
Некои видови храна имаат функција на природен штит против вируси. Француските истражувачи го откриле овој факт затоа што се прашувале зошто во некои земји стапките на заразени и на смртни случаи од ковид-19 се значително пониски од оние на нивните соседи.
На пример, стапката на смртност е голема во Иран, додека таа е значително пониска во соседна Турција и Туркменистан. Во Германија, бројот на заразени и на смртни случаи е помал отколку кај нивните најблиски соседи, а Јужна Кореја, пак, е лидер по овие индикатори во својот регион.
Јогурт и кефир – жив штит против вирусот
Група од 25 научници, предводена од професорот по пулмологија на Универзитетот во Монпелје д-р Жан Буске (кој е и поранешен претседател на Светската алијанса за борба против хроничните респираторни заболувања на СЗО), се обврзале да идентификуваат што е она што е заедничко за земјите со најмал број заразени. Анализирајќи ги земјите со најниски стапки на смртност во однос на соседите (Турција, Грција, Бугарија, Германија и Јужна Кореја), истражувачите пронашле заеднички елементи во исхраната во тие земји.
Жителите на Турција, Грција и на Бугарија редовно пијат јогурт и кефир, кои се жив штит против вирусот. Се разбира, до одреден степен, ферментираните млечни производи се вклучени во исхраната на сите народи, но во овие земји тоа се прави редовно, и самостојно и како дел од другите јадења.
И киселата зелка штити од вируси
Неочекувано, во менито на Германија и на Јужна Кореја се појавила една заедничка стапка. Жителите на овие земји поретко умираат од ковид-19 од нивните соседи. Се покажало дека и во двете држави, во редовната исхрана е вклучена храна што содржи кисела зелка, која, како и киселото млеко, создава заштитна бариера за да не навлезе вирусот во организмот.
Според професорот Буске, малку внимание се посветило на регионалните разлики во исхраната, како резултат на ширењето и сериозноста на вирусот. Додека од друга страна, промените во исхраната можат да бидат од голема корист.
– Откривме дека ферментираните млечни пијалоци и киселата зелка може да ја намалат активноста на ензимот АЦЕ2, кој коронавирусот го користи за да навлезе во клетките. И јас ја сменив исхраната. Сега јадам зелка трипати неделно и пијам кефир за појадок – вели Буске.
Нутриционистката Роза Муталимова објаснува зошто кефирот и киселата зелка се толку корисни.
– Овие производи ги обединува фактот што тие се приготвуваат со употреба на ферментација, односно со вриење и закиселување. Ова е еден од најстарите начини на складирање храна, кој бил откриен во време кога не постоеле фрижидерите. Во Европа, по пат на ферментација подготвувале зелка како резерва, со други зборови: ја закиселувале. А исто така и киселата павлака, урдата и сирењето имаат такви својства. Во Кореја уште од античко време ферментирале „кимчи“, кисели зеленчуци со зачини во кои доминирала зелката – вели Муталимова.
Постојат многу ферментирани производи, има неколку видови во секоја национална кујна, но сите тие се приготвени на различни начини. Заедничко за сите видови е присуството на квасецот, што е коктел што содржи добри бактерии, најчесто лактобацили. Тоа се хранливи бактерии и за време на ферментацијата се борат со опасни микроорганизми како што е ешерихија коли. Но факт е дека за време на термичката обработка, живите бактерии умираат. На пример, во тестото приготвено со квасец сè уште ќе има бактерии, но не и во печените производи во кои се користи. Така, живите хранливи бактерии постојат само во таквите ферментирани елементи на исхраната, како што се млечните производи (јогурт, кефир и така натаму) и во киселата зелка.
Улогата на корисните бактерии во нашето тело е многу важна: во зависност од нивниот број, нашиот имунолошки систем реагира на патогени. Едноставно кажано: колку повеќе корисни бактерии имаме во цревата, толку сме поздрави.
Лековитоста на млекото од камила
Во прилог на заклучоците на француските научници говори и фактот што во Казахстан и во Туркменистан бројот на заразени и на смртни случаи од ковид-19 е многу помал отколку кај нивните соседи во Централна Азија. Поентата е што во овие две земји млечните производи се приготвени со помош на млечна киселина, процесот на коагулација на млекото и алкохолната ферментација, кои се придружени со цедење, молзење и сушење, имаат значајно место во културата на исхраната уште од античко време. Млечната маса во Туркменистан се подложува на сложена биохемиска и физичко-хемиска обработка и на крајот е многу поразновидна од онаа на нивните соседи во регионот: Узбекистан, Таџикистан, Киргистан, Иран и Авганистан. Во исто време, Туркменистан активно користи особено корисно млеко од овци и камили, од каде што, како резултат на ферментација, се добиваат пијалаци за кои луѓето сметаат дека се „лековити“, па дури и магични.
Лековити пијалоци направени од млеко од камили, исто така, прават Казахстанците во југозападните региони на Казахстан, каде што се одгледуваат камили. Пијалакот го нарекуваат „шубат“. Во областите каде што ниту еден ден не се поминува без пиење шубат, луѓето многу поретко се разболуваат, а и многу побрзо закрепнуваат.