„Петар Пан и Венди“ е најнов римејк на анимирана класика што ќе го прави „Дизни“, кој ја избра црномуреста актерка Јара Шахиди за улогата на Ѕвончица. Неодамна Хали Бејли, пеjачката во групата „Клои екс Хали“, ја доби улогата на Ариел во филмот „Малата сирена“.
Следна на листата се најде Јара Шахиди во најновиот римејк на анимирани класици на „Дизни“ по „Аладин“, „Кралот лав“ и „Мулан“. Дваесетгодишната американска актерка ќе ја игра самовилата во филмот насловен „Петар Пан и Венди“, што е потег на „Дизни“ во напорите на компанијата да го зголеми диверзитетот. Иако млада, Шахиди зад себе има десетгодишна кариера во Холивуд, а се прослави во серијата „Блекиш“.
Шахиди е прва црномуреста актерка која ќе ја игра Ѕвончица во голема холивудска продукција на „Петар Пан“. Во насловната улога ќе биде анонимниот Александер Молони, додека Џуд Ло ќе биде лошиот Капетан Кука. Дејвид Ловери ќе биде режисер на ова остварување.
Приказната за Петар Пан досега е раскажана во многу филмови, но најпозната верзија е анимираниот филм е од 1953 година. За новиот филм за Питер Пан сè уште нема датум за премиера.