Јапонската вселенска агенција (JAXA) соопшти дека податоците кои ги испратила сондата „Хајабуса 2“ покажуваат дека таа денеска успешно слетала на астероид и извела историска мисија на собирање примероци од тлото за кои научниците се надеваат дека ќе придонесат за разбирање на потеклото на Сончевиот систем.
Сондата во април го подготвувала местото за слетување, а денес се спуштила во кратерот кој го направила и ги собрала податоците од внатрешноста на астероидот.
„Хајабуса 2“ е прва сонда која успешно собрала податоци од тло на астероид и така ја претрка НАСА која планира иста мисија.
Сондата почнала да се спушта вчера. На површината останала само неколку секунди. Следен чекор е да се врати на почетната позиција над астероидот и да го испита местото.
Астероидот Рјугу, кој е наречен по подводната змаева палата од јапонските народни приказни, се наоѓа на околу 300 милиони километри од Земјата.
Рјугу припаѓа на особено примитивен тип на вселенска карпа, останата од раните денови на Сончевиот систем. Затоа може да содржи индиции за условите и хемијата од тоа време – односно од пред околу 4,5 милијарди години.
Сондата би требало да тргне назад кон Земјата на крајот на следната година и да ги донесе собраните податоци.