Научниците откриле дека комуникацијата меѓу пингвините е многу слична на човечката пренесува „Индипендент“.
Пингвините имаат неколку карактеристики слични со оние на луѓето. Тие негуваат моногамни врски, остануваат со својот партнер низ текот на целиот живот, а според ново истражување на универзитетот во Торино, јазикот на пингвините ги почитува истите правила на човечката комуникација.
Истражувачите снимиле и анализирале 590 песни на 28 возрасни африкански пингвини од три различни колонии во италијанска зоолошка во 2016 и 2017 година. Често употребуваните звуци биле кратки, а подолгите составени од дополнителни, но пократки звуци.
Тие следат две главни правила, законот на Зинг за краткост (често употребуваните знаци во комуникацијата се пократки) и законот на Мензерат-Алтман (подолгите зборови во комуникацијата се составени од дополнителни, но пократки слогови).
Ова е прв пример на употребата на одие два закони надвор од кругот на приматите, што укажува на еколошки притисок за краткост и ефикасност во вокализацијата кај животните.
Кратењето на информациите при говор е генерално карактеристично за комуникацијата на луѓето. Според студијата, пеењето на загрозениот африкански пингвин се во потполна согласност со законите на Зинг и Менсерат-Алтман.