Посебноста на студиото е тоа што, за првпат во нашата земја широко ги отвори вратите за децата со различлни видови порпеченсот, создавајќи вистинска инклузија и можност секој да се изрази преку танцот
Танцовото студио „Еурека“ вчера одбележа редок јубилеј – 20 успешни години активност и работа со деца и млади од 4 до 20 години. Роденденот беше прославен со инклузивната претстава „Ѕвонарот“ што премиерно беше изведена на сцената на МОБ, со учество на сите сегашни членови на овој расадник на таленти.
Катерина Јолакоска е автор и идеен творец на претставата, но и прв човек на „Еурека“, најзаслужна за успесите и растењето на овој културен центар, кој во изминатите две децении опфати многу деца и им го разубави детството, насочувајќи ги во вистински правец да ги остварат своите соништа.
– Во изминатите децении танцовото студио „Еурека“ мотивирано чекори напред, танцувајќи на поголеми и поголеми сцени, освојуавајќи ги симпатиите на публиката, но и на стручњаците во оваа област, за што сведочат големиот број освоени награди дома и на меѓународната сцена. Денес „Еурека“ брои над 200 членови, поделени во групи, кои работат на 4 локалции во Скопје“ – рече водителката Ирена Спировска, која не водеше и низ вчерашниот настан во Македонската Опера и Балет.
Посебноста на студииото е тоа што, за првпат во нашата земја широко ги отвори вратите за децата со различлни видови порпеченост, создавајќи вистинска инклузија и можност секој да се изрази преку танцот и да ја почувствува магијата на штиците што живот значат. Круна на нивниот ангажман, како што велат, освен бројните признанија е освоената „златната бубамара“ што ја добија 2019 година за „Пепелашка“, првата инклузивна танцова претстава поставена во Македонија, која беше прикажана и бурно поздравена и во регионот.
Работата на „Еурека“ беше препознаена и од медиумите, а „Нова Македонија“ во изминатите две децении секогаш ги следеше успесите на ова по многу нешта униактно студио, па така меѓу добитниците на плакетите за поддршка на студиото, што се доделуваа вчера во МОБ, е и новинарката Марија Таушанска.
И денес по две децении „Еурека“ остава траен белег на танцовата сцена каја нас, ја всадува љубовта кон танцот и промовира вистински животни вредности. Токму тоа го слушнавме и од сите досегашни и голем број некогашни членовина „Еурека“ и од нивните родители во докуметарниот филм што беше прикажан. „Еурека“ за мене е втор дом, љубов, емпатија, другарство – се“, изјавија некои од членовите.
Токму таа сплотеност и желба да се успее, ама со здружени сили, да се подаде рака и уште еднаш да се докаже дека се е можно ако се сака, младите таленти покажаа и во претставата „Ѕвонарот“. И повторно се затресе сцената од позитивна анергија, а сите кои беа во публиката сфатија дека понекогаш многу малку е потребно да бидеме подобри луѓе.
„Ѕвонарот“ ѕвонеше силно за 20-годишнината на танцовото студио „Еурека“! М.Т.