Доколку сте љубители на заплеткани, непредвидливи трилери, вистинско време е да заборавите на холивудската продукција и да ѝ дадете шанса на шпанската кинематографија. Шпанските трилери се мистериозни, со оригинални заплети и со крајно неочекувани завршници, кои со сигурност ќе ве остават без зборови, за разлика од бомбастичните блокбастери по кои останувате разочарани. Во прилог неколку најдобри.
„Невидлив сведок“
Дефинитивно еден од најфасцинантните трилери во последните десет години. Филмот ја следи приказната за младиот и богат бизнисмен Адријан, кој со својата адвокатка Вирџинија работи на одбраната во случајот за убиство на неговата љубовница Лаура, за кое е и осомничен. Во ова мистериозно злосторство, Вирџинија го присилува Адријан да се соочи со уште една тајна – сообраќајна незгода во која тој и Лаура случајно усмртуваат еден дечко…
„Тело“
Кога во текот на ноќната смена чуварот на мртовечницата ќе доживее необјаснива и страшна глетка, во обидот да побегне и да побара помош, доживува сообраќајна несреќа и завршува во кома. Во текот на таа ноќ од мртовечницата исчезнува телото на успешната деловна жена Вијаверде, која починала по срцев удар.
„Сирак“
Лаура израснала во сиропиталиште и сега, многу години подоцна, заедно со својот маж Карло и со посвоениот син Симон, се вселуваат во куќа што некогаш била всушност сиропиталиштето каде што израснала. Кога Симон ќе ѝ каже дека има пет невидливи пријатели, Лаура тоа го припишува на осаменоста и на фантазијата на својот син.
„Теза“
Ова е прв филм на режисерот Алехандро Аманебара и говори за насилството во филмската индустрија во Шпанија, а за кој сценариото го напишал уште кога бил студент. Во филмот Ангела, која е студентка на филмската школа, работи на истражување околу насилството во филмовите, кога од својот ментор почнува да добива различни материјали. Останува вчудовидена од она што го глада: вистинско убиство на девојка. Ангела одлучува да го истражи потеклото на филмот, а во тоа ѝ помага колегата Чем, кој е опседнат со насилни и со порнофилмови.
„Скриеното лице“
Дизајнерката на Чевли Белен се бори со љубомората и осаменоста, додека нејзиниот дечко Адриан, диригент во познат оркестар, нема премногу разбирање за нејзините потреби. Еден ден Адриан во спалната соба наоѓа видеопорака од Белен, во која му објаснува дека не може веќе да издржи и дека го напушта. Адриан не може да стапи во контакт со неа и изгледа дека Белен исчезнува без трага.
„Убаво спиј“
Доколку сте љубители на психолошки трилери, тогаш не смеете да го пропуштете овој филм. Цезар, домар во зграда, не може да биде среќен. Клара, која живее во истата зграда, е негова целосна спротивност. Цезар станува опседнат со неа и почнува да навлегува во нејзиниот живот, но без нејзино знаење и дозвола, тероризирајќи ја на најразлични начини за да ја скрши.
„Игра на зборови“
Психологот Лаура се наоѓа во нечиј подрум, врзана за стол, со леплива лента преку устата и со избезумен поглед. Набргу дознавате дека е заробена од нејзиниот бивш маж Рамон, кој ѝ признава дека убил 19 луѓе и ѝ нуди понуда да се спаси: да играат игра на зборови,
„Најмалиот остров“
Филмот се одвива во мал град, во рурална средина, на југот од Шпанија во 1980 година, каде што двајца детективи Хуан и Педро, ги оставаат различностите на страна и работат заедно на откривање на убиецот, кој извршил серија брутални убиства на тинејџерки.
„Ноќ на сончогледите“
Две шокантни злосторства и една ужасна грешка се сржта на овој филм. Животот на месното население од малото село Середо е пасивен и без некои возбудувања, сѐ до моментот кога на полето со сончогледи е пронајдено телото на млада, силувана девојка.
„Нека ни прости Бог“
Дејството е сместено во Мадрид во 2011 година, кога двајца детективи мораат да го фатат серискиот убиец по секоја цена. Двајцата имаа специфично минато што мораат да го оправдаат. Во исто време на улиците се собираат огромен број на верници, кои доаѓаат поради посетата на папата Хуан Пабло Втори.