Според базата на податоци на „Етнолог“ шпанскиот јазик се смета за втор најзборуван во светот. Него го зборуваат 427 милиони луѓе. Пред него е само мандаринскиот кинески со 897 милиони говорници, додека англискиот е треторангиран со 339 милиони. Овие бројки се добиени според критериумот за мајчин јазик што го зборуваат луѓето во светот.
Доколку рангирањето се врши според не-мајчин јазик , англискиот јазик делува повеќе застапен, затоа што се зборува во 106 земји, во споредба со шпанскиот кој се зборува во 31 земја. Шпанскиот е официјален јазик во Шпанија и Латинска Америка.
Интересно е што во Мексико околу шест проценти од луѓето не зборуваат шпански како мајчин јазик.
Од африканските територии што некогаш биле дел од шпанската империја, само една независна држава сѐ уште го користи шпанскиот јазик. Тоа е Екваторијална Гвинеја, која стана независна во 1968 година. Таа една од најмалите земји во Африка со околу 750.000 жители, од кои две третини зборуваат шпански.