Нутриционисти со помош на експерти од разни научни подрачја решиле да ги обелоденат намирниците што се преполни со токсини и со хемикалии и да предложат едноставни замени за воспоставување почисти прехранбени навики, а со самото тоа и подобрување на сопственото здравје. Експерти ендокринолози, агрономи, токсиколози и други нивни колеги објаснуваат зошто никогаш не би пробале некоја од овие шест намирници.
1. Ендокринолозите никогаш не би јаделе конзервиран домат
Проблем: Составот на лименката во која се наоѓаат доматите вклучува и бисфенол А, синтетички естроген, кој е поврзан со заболувања на репродуктивниот систем, срцеви болести и дебелина. Киселоста на доматите влијае на БПА во содржината на лименката, додека голем број студии покажуваат дека тоа кај повеќето луѓе ги надминува дозволените граници и може да предизвика штета на хромозомите на животинските јајца.
Решение: Купувајте домати во стаклена амбалажа или во тетрапак, бидејќи овој вид амбалажа не содржи БПА.
2. Фармерите никогаш не би јаделе месо од говеда хранети со пченка
Проблем: Говедата еволуирале така што јадат трева, не житарки. Но модерните фармери ги хранат своите животни со пченка и соја. Сепак, тоа значи помала нутритивна вредност за човекот. Една студија докажува дека месото од говедо хрането со трева е побогато со бета-каротин, витамин Е, омега-3 масни киселини, калциум, магнезиум и калиум и содржи помалку воспалителни омега 6 масни киселини и помалку заситени масти, кои, според некои студии, се поврзани со срцевите заболувања.
Решение: Купувајте месо од говеда хранети со трева. Ако не можете да најдете такво месо во супермаркетите, информирајте се во локалните месарници.
3. Токсиколозите никогаш не би јаделе пуканки од микробранова печка
Проблем: Перфлуорооктанската киселина е составен дел од ќесињата во кои се спакувани пуканките за микробранова печка, а неодамнешна студија на универзитетот УЦЛА тврди дека спаѓа во класата на состојки поврзани со неплодноста кај луѓето. Исто така, докажано е дека обработката на пуканките со микробранова печка едноставно ги преселува хемикалиите од ќесињата во пуканките, а потоа и во телото, каде што остануваат и се акумулираат.
Решение: Земете тенџере, малку масло и ќесе органски пуканки. Со малку труд и фантазија можете да направите пуканки со домашен прелив од путер и со разни ароми.
4. Експертите за рибарство никогаш не би јаделе одгледуван лосос
Проблем: Природно мрестилиште на лососи не се кафезите, ниту природната исхрана на овој вид вклучува соја и пилешки отпадоци. Резултат на ваквото одгледување е лосос со помалку витамин Д и со повеќе контаминирачки материи, вклучувајќи канцерогени материи, пестициди како диоксин и ДДТ. Вака одгледуваната риба најмногу доаѓа од Северна Европа.
Решение: Обидете се да набавите див лосос. Гарантирано дивиот лосос е увезен од Алјаска.
5. Онколозите никогаш не би пиеле млеко произведено со употреба на хормон на раст
Проблем: Производителите на млеко го третираат својот добиток со рекомбинантен говедски хормон за раст за да го зголемат производството на млеко. Истиот хормон предизвикува инфекции на вимето и појава на гној во млекото. Понатаму употребата на овој хормон води кон зголемување на нивото на инсулин сличен на факторот на раст во млекото, што кај луѓето може да влијае на појава на карцином на дојката, простатата и дебелото црево.
Решение: Купувајте еколошко млеко, добиено без хормони.
6. Експертите за органска храна никогаш не би јаделе јаболка од супермаркет
Проблем: За да го задржат карактеристичниот вкус, јаболката често се прскаат со пестициди. Научниците додаваат дека работниците на фармите обично имаат поголема шанса да заболат од карцином, додека неодамнешните студии се поврзуваат со зголемената оптовареност на телото со пестициди и појава на Паркинсонова болест.
Решение: Купувајте домашни мали јаболчиња од бабичките на пазар. Тие ќе бидат среќни што ќе можат да го продадат својот домашен производ, а вие ќе бидете поздрави.