Швајцарец за еден ден освоил, но и изгубил еден милион франци на лото бидејќи дошло до технички проблеми, пишуваат тамошните медиуми.
Станува збор за Швајцарецот Андреас Бирклија. Тој за време на извлекувањето забележал дека неговото лото-ливче е добитно и како што пишуваат швајцарските медиуми, кога забележал дека освоил еден милион франци, бил пресреќен бидејќи неговиот сон се остварил. Но, сепак, набргу било утврдено дека станува збор за грешка.
Неколку минути подоцна телевизискиот канал СРФ упатил јавно извинување до гледачите бидејќи дошло до технички проблеми и со тоа настанала грешка при извлекувањето на лотото, пренесува Би-би-си.