По повод премиерата на својот последен филм „Тие се бомби“, Шарлиз Терон не престана да дава интервјуа за сите светски медиуми, а овој пат не помина а да не се присети на ноќта кога нејзината мајка Герда го убила својот сопруг, таткото на Шарлиз, Чарлс Терон. Таа кобна ноќ, во 1991 година, 44-годишната глумица имала само 15 години, а нејзината мајка во самоодбрана го убила нејзиниот татко, кој бил видно алкохолизиран и им се заканувал на сопругата и на ќерката.
Убавината ѝ отворила многу врати, но проблемите ја следеле на секој чекор.
– Татко ми беше толку пијан што едвај одеше влегувајќи дома и со пиштол во раката. Мама и јас се скривме во мојата соба, блокирајќи ја вратата што тој се обидуваше да ја отвори. Потоа пукаше во вратата трипати. Среќа ниеден куршум не нѐ погоди, тоа беше чудо – раскажува Терон.
За да ја спаси својата ќерка, Герда Терон го убила сопругот во самоодбрана и поради тоа не е осудена. Сепак, сето тоа оставило трага на славната оскаровка.
– Тоа насилство што се случува во многу семејства е нешто за што не сакам да молчам. Не се срамам од тоа, бидејќи мислам дека колку повеќе зборуваме за тие работи луѓето повеќе ќе сфатат дека не се сами во таквите проблеми – вели Терон.