Светски познатиот астрофизичар Стивен Хокинг користеше машински генериран глас три децении, со што ситнетизираниот говор стана и дел од неговото наследство, пишува „Експрес“. Трагедијата доживеана од човекот кој го развиваше гласот, останала во сенка на способноста за говор на професорот Хокинг.
Професорот Хокинг првпат научи да комуницира со веѓите, предлагајќи кои букви ги означува на правописната картичка. Тој подоцна користел мени контролирано од компјутерски систем, една година по операцијата.
Кога користел рачен кликач за да избере разни зборови и команди, синтетизиран глас ги читал.
Гласот бил создаден од Денис Клат во Институтот за технологија во Масачусетс во 1984 година, по што стана еден од клучните атрибути на професорот Хокинг и покрај тоа што гласот е со американски нагласок, а астрофизичарот е Британец.
Гласот, познат како „Совршениот Пол“ требаше да го имитира стандардниот машки глас, но на професорот Хокинг првично не му се допаѓал синтетизаторот и сакал да го врати апаратот назад.
Тој сепак го задржал, но според емисијата „Сведок“ на Би-би-си, ужасен настан подоцна го засенил овој извонреден технолошки подвиг за синтезата на говорот.
Во програмата емитувана во ноември минатата година, се објаснува како во раните 80-ти години Денис Клат започнал со лечење на терминален рак. За време на процесот, тој почнал да го губи гласот поради зрачењето.
– Тоа постепено предизвика неговите гласни жици да престанат да функционираат правилно. Неговиот говор стана сè потежок. Но, истовремено, синтетизиранот говор што излегуваше од неговата канцеларија не се промени. Значи, беше иронично. Тоа е уникатен вид трагедија, што човекот фокусиран на репродукција на овој природен процес, го изгуби својот глас – објаснил пријателот и колега на Клат, Џозеф Перкел.
Денис Клат починал во 1988 година, истата година кога професорот Хокинг ја објави својата книга „Кратка историја на времето“.
– Тој знаеше дека има терминална болест, уште кога бев многу мала. Но, секогаш беше оптимист – посочи ќерката на Клат, Лора, во изјава за Би-би-си.
Но говорниот систем „Совршениот Пол“, се засноваше гласот на Клат, кој живеел преку професорот Хокинг.
Професорот Хокинг се очекуваше да живее само неколку години по неговата дијагноза во 60-те години, но тој ги надмина очекувањата и живееше до 76-годишна возраст.
На професорот Хокинг подоцна му бил понуден ажуриран глас, но тој не го прифати.
– Јас си го чувам овој глас затоа што не сум слушнал глас што ми се допаѓа повеќе и затоа што се идентификував со него – истакна Хокинг во 2006 година.
Тој на својата вехоб-страница објаснил дека акцентот е опишан како скандинавски, американски или шкотски.
Професорот Хокинг исто така се пошегува со кралицата Елизабета Втора во 2014 година, дека неговиот глас е „заштитен со авторски права“.
Тој остана со синтетизираниот глас на Денис Клат до неговата смрт во 2018 година.